Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалкјов засега не побарал спогодба со Обвинителството за случајот „Империја“, објави „Телма“,повикувајќи се на извори во неговиот адвокатски тим од каде што велат дека немале контакт со својот клиент откако беше објавена веста за спогодбата со Орце Камчев, ниту пак разговарале во оваа насока.
Од Обвинителството пак нема ниту потврда, ниту демант дека Мијалков е меѓу неколкумината осомничени кои тргнаа по стапките на Камчев и Ненад Јосифовиќ и побараа да се спогодат за да избегнат високи затворски казни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Мијалков размислува за спогодба за „Империја“
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.