еМагазин
Image default
Македонија

Се читаа пораките на Вељаноски за насилството во Собрание: “Да не им дозволат да седнат на моето место“

Со изведување смс и вибер пораки меѓу обвинетите на „крвавиот четврток“ денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на Република Макеоднија на 27 април минатата година.

Прво е вештачењето на мобилниот телефон на тогашниот собраниски спикер Трајко Вељановски, кое се однесува на смс и вибер комуникацијата во периодот февруари – мај 2017 година.

Во судница се присутни сите 32 обвинети, освен обвинетиот Сашко Марковски за кого постапката беше одвоена. Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Обвинителката Русковска на почетокот посочи дека вештачењата се преобемни и содржат и приватни пораки, поради што им доставиле испечатени примероци.

„На 27 април во 17:48 Трајко Вељаноски испраќа смс порака до Горан Ѓошевски со содржина „бидете на штрек“. Ѓошевски во 17:49 испраќа смс порака со содржина „да” и подоцна уште една „сите знаат и од МВР”. Во 18:04 Вељановски му праќа порака „кажи им да влезат двајца внатре и да не им дозволат да седнат на моето место“, прочита дел од вештачењето обвинителката Русковска.

Од вибер комуникацијата на телефонот на Вељаноски, продолжи Русковска, може да се види дека тој добива порака од пратеникот Димитар Стевананџија со содржина „како е работата”, по што испраќа одговор „Се спремаме. Тврдокорни. Чекате насоки. Важно спремни”.

Подоцна истиот ден Стевананџија испраќа пораки „мора да има кредибилен лидер” и „и критична маса од ск”.

Вељаноски на 25 февруари на Никола Груевски му испраќа порака со содржина „јас пак мислам подобро митингот да се одржи во сабота, ќе има повеќе време за подоготовка, нема да врни и до тогаш се повеќе ќе се наектрелизира Македонецот”.

Вељаноски испраќа смс до Гордана Јанкуловска на 27 февруари во 19:47 со содржина „добар беше собирот денес” и таа му враќа „да, супер изгледаше”.

Вељановски на 2 март испраќа порака на Сања Угриновска „сакам да му се јавам на Чавков да ги повлече сите”, на што таа му враќа „не ве разбирам, овие што заминаа”. Подоцна, истиот ден, Вељановски и пишува „сите, и тие што заминале”, на што таа му враќа „па јас не би ги враќала”.

За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА/Фото: Фејсбук/Вељаноски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за насилството во Собрание: Вељаноски му пишува на Димовски: „одма десетина пратеници пред кабинет кај мене за да го бранат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче не очекува дека протерувањето на рускиот дипломат ќе ја одложи испораката на руски вакцини

Редакција

Убава вест: Оздравени 131 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје и Куманово

Редакција

Македонските и бугарските историчари на нов состанок, теми Гоце Делчев и учебниците за седмо одделение

Редакција