еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се демонтираат шаторите од мобилната болница, монтажната ќе биде тријажен Ковид центар

Министерството за здравство информира дека денеска се демонтираат шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во случај на зголемување на бројот на пациенти на кои би им бил потребен хоспитален третман.

Мобилната болница „Role 2“  добиена како донација од Норвешка, имаше капацитет од 130 кревети и комплетна опрема.

Болницата беше поврзана со топла врска со Клиниката за инфективни болести и фебрилни заболувања, а истата беше поставена во соработка со Министерството за одбрана и Армијата во март.

„Ова е голем успех што немавме потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти од Ковид-19, бидејќи од почетокот на епидемијата во земјата постоечките болнички капацитети за хоспитализација на овие пациенти се стабилни и исполнети само 10 проценти.

Успешно го амортизиравме ударот врз нашиот здравствен систем, но покажавме подготвеност да се справиме и со полоши сценарија,“ смета министерот за здравство Венко Филипче.

Во меѓувреме со донација од Швајцарската амбасада се постави монтажната болница како дел од системот за понатамошното справување со Ковид-19 во земјата.

Таа ќе се користи како Ковид центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника, каде што ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Кавадарци останува на врвот: Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Тројца новозаболени со Ковид-19 во Кавадарци, четворица во Неготино

Редакција

Србија, со која преговараше Македонија, забрани извоз на гас

Редакција