еМагазин
Image default
Локално

Се истражува случај на проституција на 14-годишно девојче од Штип

Во врска со наводите во некои медиуми за вклученост на 14-годишното девојче од Штип во мрежа на малолетничка проституција во земјава и во една земја во странство, началникот на Одделението за информации од јавен карактер во МВР, Сузана Праниќ за МИА вели дека работат на случајот, но во интерес на истрагата не можат да соопштат детали.

Официјалната изјава од МВР е дека тие во координација со Јавното обвинителство и во соработка  со Министерството за труд и социјална политика работат на случајот.

Портпаролот на Министерството за труд и социјална политика, Ирена Смиљјанска вели дека детето е на безбедно место.

Деталите за овој случај ќе следат откако надлежните институции ќе завршат со целосната истрага, бидејќи како што велат нивни претставници, во моментов сè е на ниво на шпекулации што можат да наштетат на истрагата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за двајца вработени во МВР за настанот во Шуто Оризари

Редакција

Со товарно возило удрил во малолетен велосипедист од Муртино

Редакција

Монструозен случај во Скопје: Татко повеќепати ја силувал 13-годишната ќерка

Редакција