еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Се очекува намалување на бројот на вработени во преработувачката индустрија

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2021 година е зголемен за 0.1 процентeн поен во однос на декември 2020 година и изнесува 13.8, а во однос на јануари 2020 година е намален за 8.8 процентни поени, соопшти Државниот завод за статистика.

„Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2021, во однос на декември 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јануари 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2021 година изнесува 69.4 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.7 %, неизвесното економско опкружување со 16.6 %, недостигот на квалификувана работна сила со 15.8 % и недоволната домашна побарувачка со 14.5 %“, соопшто Државниот завод за стаистика.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бектеши апелира пратениците да го донесат законот што ќе овозможи поевтинување на хигиенските влошки

Редакција

Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи, вели Битиќи

Редакција

Минималната плата ќе се зголеми за 1.812 денари

Редакција