еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се огласи Валентин Груевски, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

На Фејсбук за аферата на ВМРО-ДПМНЕ, “Тајни имоти“ се огласи директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски, кој се спомнува во истата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Валентин Груевски, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) Кој крие градежни фирми, станови, куќи и скапи возила: ВМРО-ДПМНЕ објави нови детали од аферата „Тајни имоти“

“ВМРО-ДПМНЕ, објави податок дека не сум го доставил мојот имотен лист и дека можеби ја кријам мојата куќа во Битола и Ресен.

Неколку факти: Куќата во Битола е од 1985 година, наследство од мојот татко и во неа живеам со сопругата над 20 години.

„Куќата” во Ресен, с. Курбиново, е со големина од цели 22 м2 и истата е 1/4 од стара куќа, градена пред 50-тина години.

Наводно сум го скрил и Голфот, пријателите мои го знаат, производство 2009 година (не знам зошто би го криел).

Анкетниот лист е навремено доставен, за што во прилог ги поставувам и препорачаните пратки до ДКСК.

Да не беше смешно, ќе беше жално, или пак обратно.

За да се поправат работите, можеби е најдобро најпрво да добијам извинување“, напиша тој.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на вчерашната прес-конференција за Груевски го кажа следново:

“Имот крие и директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски. Имено, од претходниот анкетен лист на Валентин може да се види дека поседува куќа во Битола и автомобил Фоксваген Голф, а неговиот брачен другар поседува куќа во Ресен. Дали има промени, и зошто не го пријавил иако веќе бил функционер и знае дека тоа му е обврска?“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Немам поднесено анкетен лист“, вели Ивица Јевтиќ, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) 123 функционери на СДСМ и ДУИ кријат имот од 30 милиони евра, објави ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Фејсбук/Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 479 пациенти болни од Ковид-19, од Скопје 358

Редакција

(Видео) Вознемирувачки снимки од островот Евија, кој го погоди невремето “Илиас„

Редакција

Од Комората на извршители велат дека новинарот Салиу ја попречил работата на извршителката Јакимовска

Редакција