еМагазин
Image default
Бизнис

Се работи на законот за пензионирање со 64 години: За предвременото пензионирање допрва ќе се разговара

Министерството за труд и социјална политика во моментот работи на законот за пензионирање со 64 години старост и 15 години стаж, додека за најавите за откуп на стаж и предвремено пензионирање допрва ќе се разговара со сите засегнати страни.

– Најавите за откуп на стаж за предвремено пензионирање ќе бидат предмет на една поширока дебата во која ќе бидат вклучени сите чинители на социјалниот дијалог. Тоа е законско решение на кое во моментот не работиме. Ова е прашање кое бара детална анализа.

Треба да се направи темелна анализа за тоа кој би изразил желба за да откупи стаж и предвреме да оди во пензија, какви ќе бидат финансиските импликации. Оттука, дебатата за пензионирање со откуп на стаж ќе биде отворена заедно со сите чинители. Никако нема да носиме избрзани одлуки, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција во Владата.

Законот за пензионирање со 64 години старост и 15 години стаж на кој во моментот работи ресорното Министерство ќе важи за сите вработени во јавниот сектор, но ќе остава можност и заклучоци во реалниот сектор доколку работникот и работодавачот взаемно се договорат за продолжување на работниот век. Исклучоци ќе има во здравството, а истото се размислува и за високото образование.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поскапуваат до два денари

Редакција

„Енерџи деливери солушнс“ го доби тендерот на Клиниката за гинекологија за набавка на струја вреден 195.000 евра

Редакција

Топ пет највисоки плати: Програмерите и воздухопловците во тесна трка

Редакција