еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Се трага по давеник во Дојранско Езеро, се превртел со педалинка, а не знаел да плива

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне. Лицето не е пронајдено и е непознато.

– Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. Засега, нема податок дали имал безбедносен елек.

Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги, а и слаба е видливоста – до еден метар длабочина.

Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото, информираа од ЦУК.

Додаваат дека на лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детална листа: Најнови мерки на Владата против корона вирусот

Редакција

„Бела ноќ” на 30. септември во Скопје, цела програма и распоред

Редакција

Нови 582 случаи на Ковид-19 од 2.972 тестирања

Редакција