Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира седум новозаболени лица од Ковид – 19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.
Од нив, пет се од Куманово, а две лица се од липковските села. Регистрирани се и седум оздравени пациенти.
– Има и нов кластер, а има и заболени кои имале контакти со веќе потврдени случаи, изјави директорот на Центарот за јавно здравје во Куманово, Ариф Љатифи.
Извршени се 61 тестирање од кои 22 по „МојТермин“, а останатите 39 се по епидемиолошки индикации.
МИА/Фото: Општина Куманово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени нови 109 пациенти од корона вирусот, најмногу во Скопје, Штип и Тетово
Починaa шест нови лица од Ковид-19, пет пациенти од Скопје и еден од Струга
Нови 129 случаи на заразени со Ковид-19 од 1.535 тестирања, најмногу во Скопје и Штип