еМагазин
Image default
Македонија

Семејството со новороденче на пат да ја напушти Украина, во Харков нема веќе пријавени наши државјани, информира Османи

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Тие се на безбедно и се во доба состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје, напиша Османи на Фејсбук.

Ова, додава тој, е најсложениот случај од процесот на евакуација.

– Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедување нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина. Да информирам, дека во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов немаме веќе пријавени наши државјани, пишува Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонско семејство со новороденче чека евакуација од Харков, 50 граѓани веќе се извлечени

(Вознемирувачко видео) За време на преговорите во Харков убиени девет цивили од кои три се деца

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европска комисија: Бугарија и Македонија да избегнуваат непотребни тензии

Редакција

Бугарскиот европратеник Џамбаски повтори оти Македонија била и е бугарска

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Редакција