еМагазин
Image default
Бизнис

Законот за задолжително пензионирање блокиран од опозицијата со околу 500 амандмани

Законското решение за задолжително пензионирање во јавниот сектор на 62 и 64 години е во собраниска процедура, но е блокирано со 400 – 500 амандмани од опозицијата, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференција во Владата, Шахпаска ги повика пратениците и од власта и од опозицијата да ја надминат оваа ситуација и да овозможат процесирање на законот, особено зашто, како што нагласи, сите амандмани се во суштина исти и се однесуваат само на рокот за важење на законот.

-Моите сознанија се дека законот е стигнат до второ читање, но за сите четири закони кои го регулираат пензионирањето со 64 години, законите за работни односи, за административни службеници, за здравствена заштита и за високо образование, се блокирани од страна на опозицијата со по 400 – 500 амандмани.

Ги повикувам пратениците, како од власта, така и од опозицијата, да најдат решение и исход зашто нашите сознанија се дека сите амандмани се во суштина исти, само за преместување на рокот за важење на законот. Да се договорат и ова законско решение да се биде поднесено, истакна министерката.

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прием на годишни сметки и финансиски извештаи во Централен регистар на 27, 28 и 29 февруари и на 16 март

Редакција

Што се случи по преземањето на Теленор од 4иГ во Црна Гора?

Силвана Жежова

Во две блок-трансакции продадени акции од „Скопски пазар“ за 84.000 евра

Редакција