еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Шпанска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – мистична страст и гастрономска сензација за сите сетила

Нова гастрономска и забавна атракција во Скопје! На 15 септември 2023 година во Limak Skopje Luxury Hotel ќе се одржи настанот „Шпанска вечер“ на кој посетителите ќе имаат ексклузивна можност да го почувствуваат шпанскиот огнен дух, богата култура и спектакуларна кулинарска традиција, информираат од таму.

-Искусниот главен готвач на хотелот и неговиот тим ќе подготват шпанско мени преполно со вибрантните бои на прекрасната медитеранска земја – тапаси со атрактивните вкусови на оригиналните шпански специјалитети, гаспачо супа, паеља од морски плодови и маринирани јагнешки котлети на жар, гарнирани со палента со суво грозје и сончоглед, а за финиш – крема Каталонија.

Во ова автентично шпанско мени приготвено според традиционални рецептури присутните ќе уживаат со популарната Сангриа, подготвена на оригинален начин. Како своевиден спој со домашната хедонистичка култура, впечатокот ќе биде надополнет со врвните вина на нашата најголема и најуспешна винарница „Тиквеш“.

Шпанскиот дух на вечерта ќе биде збогатен со шпанска традиционална музика надалеку позната по својата мистична страст и огнена енергија, за која се задолжени уметниците од  „Кармен Бенд“.

Атрактивната шпанска вечер ќе се одржи на 15 септември со почеток во 20.30 часот во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат сите дополнителни информации, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Престижниот Универзитет Лондон Мет започнува со работа во Скопје

Редакција

(Видео) Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Редакција

(Фото) Промоција на врвни македонски вина во САД

Редакција