Кожното одделение во штипската Клиничка болница од понеделник ќе прима пациенти заразени со коронавирусот на кои им е потребно болничко лекување.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека утринава на состанок е договорено ова одделение, кое е и посебна зграда, комплетно да биде преадаптирано за прием на пациенти инфицирани со коронавирусот.
-Таму планираме во наредните два до три дена да завршиме инфраструктурни работи, што се неопходни се со цел од понеделник, вторник да ги имаме и тие дополнителни десет кревети таму.
Предвидено е на ова одделение да се хоспитализираат полесните случаи, со полесна клиничка слика, а се со цел да ослободиме десет кревети на Инфективното одделение, кои би ги користеле за потешки пациенти, вели Ѓеорѓијев.
Забележа дека доколку се случи потешко и поцрно сценарио, во тој случај ќе бидат подготвени пациентите на кои им треба болничко лекување да ги хоспитализираат и на Интерното одделение, заедно со собата за интензивна нега.
-Ние се подготвуваме, разговараме со раководителите и доколку се јави потреба ќе мора да размислуваме и во таа насока, рече Ѓеорѓијев.
Во штипската Клиничка болница и денеска имаат позитивен случај на Ковид-19 кај здравствен работник, со што вкупната бројка се искaчи на 13 и деветмина се во изолација, поради контакт со инфицираните колеги или членови од семејството.
На Инфективното одделение во болнички услови се лекуават 49 пациенти, а над половината од нив се на кислородна поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови случаи на Ковид -19 во три текстилни конфекции во Штип, во болницата, општината и во затворот
МИА