еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Штипскиот математички гениј Дамјан Давков ќе се натпреварува на Интернационалната математичка олимпијада

Осмооделенецот, Дамјан Давков по освоеното злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО) во текот на овој месец, ќе биде дел и од тимот за светската односно Интернационалната математичка олимпијада, која ќе се одржи виртуелно од 14 до 24 јули, а домаќин е рускиот град Санкт Петрбург.

За ученици до 20 години натпреварот ќе се одржи на 19 и 20 јули.

Деновиве на Јуниорската балканска олмпијада (ЈБМО) нашата македонска екипа освои три медали.

Штипскиот математички гениј Дамјан Давков освои злато, Алексиј Тасиќ сребро, Бранко Јангеловски и Леонид Тодороски бронза.

Домаќин на ЈБМО  беше Кишињев, Молдавија. Во тимот беа и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски. Набљудувач на тимот им беше проф.д-р Ѓорѓи Марковски.

Екипата се натпреварувала виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а е во организација на Сојузот на математичари.

Околу четири ипол часа траел натреварот на олимпијадата, а учесниците задачите ги решавале на компјутер, со вклучени камери.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска

Редакција

(Фото) Верувале или не: Во Тетово затворена автоперална пред училиште, поради која учениците 20 години наместо на тротоар одеа по улица

Редакција

Лани македонските државјани потрошиле 114 милиони евра во Грција

Редакција