еМагазин
Image default
Локално

Штипските пензионери останаа без огревно дрво, бидејќи цената постојано се зголемува

На околу 500 пензионерски семејства во Штип, што од март плаќале на рати дрва преку Здружението на пензионери, ќе им бидат вратени парите назад.

Раководството на Здружението на пензионери одлуката ја донесе откако од двете фирми добавувачи им кажале дека може да ги испорачаат договорените количини од 3.000 метри кубни, но не по претходно договорената цена од 3.400 денари за буково и 3.500 за кубен метар дабово дрво.

Претседателот на Здружението на пезнионери за општините Штип и Карбинци, Ристе Нетков појаснува дека ова е трето барање за корекција на цената, а нема гаранација која би била новата, па Здружението за одлучило да им ги врати парите на своите членови.

– Ние немавме друго решение освен да ги извадиме парите од банка и да им ги вратиме на нашите членови кои имаа уплатено за огревно дрво. Но, не значи дека целосно се откажувме од подршката.

Само се менува начинот. Се договоривме добавувачите да контактираат директно со секој пензионер поединечно и ако се согласат тие на нова цена или количина тогаш тие ќе добијат дрва под новите услови, вели Нетков.

Претходно без традиционалните договори за дрва за огрев на рати останаа и 750 кочански пензионери.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22-годишен скопјанец починал на работно место во кривопаланечко Тлменци

Редакција

Во грмушка скрил вреќа со пет и пол килограми марихуана

Редакција

МВР во акција: Санкционирани 160 прекршоци на мотоциклисти

Редакција