еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Народна банка објави Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење

Во рамки на активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење. Со Поимникот е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. Поимникот, е достапен на следнава врска: nbrm.mk.

-Финансиската едукација е една од стратегиските цели на Народната банка. Населението коешто има познавања од областа на финансиите ги знае предностите од користењето различни финансиски услуги и е посвесно за ризиците. Овој вид едукација, во крајна линија, обезбедува поголема вклученост на населението во финансиските текови и олеснет пристап до финансии.

Токму затоа, се преземаат низа активности за подобрување на финансиската писменост.

На иницијатива на Народната банка, заедно со останатите финансиски регулатори, минатата година беше изработена и првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.

Народната банка презема повеќе тековни активности, како организација на предавања, анкети, изработка на едукативни материјали, со цел организирано и системско подобрување во овој сегмент, велат од Народна банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Совети за управување на личните финансии од Народна банка

Редакција

Како да отворите платежна сметка со основни функции: Што овозможува и колкав надоместок се плаќа

Редакција

НЛБ Банка Ве советува: Штедете го кусурот за нештата кои ги посакувате!

Редакција