Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде денеска го потпиша барањето за влез во НАТО.
Бидејќи руската инвазија на Украина предизвикува радикален развој на европската безбедност и геополитика, оваа акција го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување во воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на децениската воена неутралност.
Шведската министерка за надворешни работи изјави дека „чувството е многу добро и многу сериозно“.
– Се чини дека дојдовме до заклучок што е најдобро за Шведска. Не знаеме колку време ќе потрае, но сметаме дека може да потрае и до една година. Сега, оваа недела, апликацијата ќе биде поднесена, заедно со Финска, а потоа треба да ја процесира НАТО, додаде Линде.
МИА/Фото: МНР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.