еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Сиднеј под двонеделен клуч поради индискиот сој на Ковид-19

Сиднеј влегува во двонеделна блокада, бидејќи властите се обидуваат да се справат со многу заразната индиска варијанта на коронавирусот, во најголемиот австралиски град.

Повеќе од еден милион луѓе во центарот на Сиднеј и предградијата веќе се заклучени поради епидемијата, но здравствените власти одлучија да продолжат и прошират откако беа пријавени нови случаи на заразени со Ковид-19.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, објасни дека мерките мора да опфатат други делови од градот, како и областите околу Сиднеј, каде што живеат повеќе од пет милиони луѓе, бидејќи синоќа се пријавени нови 29 нови локални инфекции.

Премиерката најави дека во текот на денов ќе одржи итен состанок на владата со здравствените власти.

МИА/Фото: Photo by Viktor Forgacs on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставниот суд поведе постапка за работното време на работниците ангажирани за градење на коридорите 8 и 10

Редакција

Пожарникарите неможеле да најдат функционални хидранти: Во пожар во Скопје изгореа дел од напуштените бараки на прекршочниот суд

Редакција

Обвинителство утре ќе информира за случајот за Жан Митрев

Редакција