еМагазин
Image default
Локално

Синовите на Мијалкови демантираат дека биле приведени: Сакавме да спречиме некој да не биде повреден

Со реакција за инцидентот во кафе-бар во Скопје се огласија Александар Мијалков и Филип Мијалков.

“Заради точно информирање на јавноста би сакале да ги демантираме сите невистини дека наводно сме претепале момче и дека заради тоа сме биле приведени.

Свесни сме дека презимето кое го носиме предизвикува внимание во медиумите и јавноста, но тоа не ја намалува обврската за професионално известување и пренесување на двете страни пред да се изведе заклучок дека некој некого претепал или “бил уапсен”.

Во петокот вечерта со неколкумина пријатели бевме излезени во кафуле во Дебар Маало.

Околу 20.45 часот еден од пријателите од нашето друштво имаше расправија со девојката, после која беше нападнат од неколкумина нејзини другари. Еден од нив, кој делуваше дека е под дејство на алкохол, извади и боксирач и удираше со него.

Ние двајцата ги двоевме двете групи и се обидувавме да ја смириме ситуацијата за да не ескалира. Откако момчињата од двете групи излегоа надвор, лицето кое имаше боксирач продолжи да напаѓа, а ние се трудевме да спречиме некој да биде повреден.

На жалост нашиот пријател се здоби со три расекотини на главата од боксирачот на тоа момче.

Подоцна разбравме дека токму напаѓачот е тоа 19 годишно момче кој го пријавил настанот. После случката заминавме дома, нашиот пријател побара медицинска помош.

Вчера не бевме приведени, туку бевме повикани од полицијата за да дадеме исказ во врска со настанот и веднаш постапивме по поканата и кажавме што и како се случи.

За жал, еден од нашите пријатели и во текот на вчерашниот ден продолжи да добива закани на мобилниот телефон. Исто така во текот на вчерашниот ден, Филип беше нападнат од истата група на момчиња кои што со шипки и пендраци удираа по колата во која што седеше.

Во полиција е пријавен и насилен напад врз Филип при што беше оштетено возилото во кое се наоѓаше. Се надеваме дека полицијата ќе го расчисти случајот, а со тоа ќе запрат и дезинформациите во јавноста.

Би Ви биле благодарни доколку ја објавите нашата реакција за граѓаните да може да добијат целосна слика за случката“, стои во нивната реакција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19-годишник пријавил физички напад од шест лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец два пати со автомобил удрил во полицајци

Редакција

Сообраќајка меѓу две возила на „Илинденска“, три лица пренесени во болница

Редакција

Автомобил изгубил контрола и удрил во канделабра на улица „Борис Трајковски“ во Скопје, двајца повредени

Редакција