Јавната здравствена установа специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Лешок“ веќе неколку недели претставува своевиден државен центар за сите болни од туберкулоза во земјата.
Поради состојбата со Ковид-19 и извршеното преструктуирање на здравствените установи одлучено е во оваа болница да се згрижат сите болни од туберкулоза за кои е потребно болничко лекување.
-Нашата болница со преструктуирањето на здравствените капацитети работи само со туберкулоза. Сите пациенти што се со туберкулоза од целата држава, што биле сместени во Институтот за белодробни заболувања во Скопје и други медицински установи низ државата се префрлени кај нас.
Освен хоспитализираните работи и амбулантанта со пуломолија и алергологија значи дијагностика на бели дробови, функционираат рентгенот и лабораторија. Не се работи спирометрија поради корона вирусот. Нормално персоналот е заштитен со скафандери, ракавици, маски, визири и се што е потребно, изјави директорот на болницата Исмаил Ваити.
Согласно посебните протоколи сите заболени од туберкулоза се сместени сами во собите.
– Во овие две недели на болничко лекување се девет пациенти. Ние имаме капацитети за повеќе, но сите се сами во собите поради претпазливост и опасноста од Ковид-19. Во текот на дијагностицирањето овие неколку месеци имало суспектни кои сме ги праќале на испитување за Ковид-19 и имало и позитивни случаи.
Исто така спефични случаи кај нас се оние резистетни туберколози кај кои лековите не им реагираат, потенцира Ваити.
Три сестри од Лешочката болница од 14 јуни до 4 јули 2020 работеле на испомош во градската општа болница „8 Септември“ во Скопје која сега претставува главен Ковид-19 центар каде се хоспитализираат најтешките болни.
-Тие работеа на принцип на дежурства од по 24 часа и три слободни денови. Задоволни се од престојот и работата, а тамошните колеги се задоволни од работата на нашите колешки. Сега се на 10 дневен одмор по што ќе се вратат на работа во нашата болница, вели директорот на установата.
Од сите вработени во лешочката болница досега пред еден месец една од медицинските сестри била позитивна на Ковид-19 и успешно се излекувала, по што се вратила и на работните обврски.
МИА/Фото: МЗ