еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Сите детали: Кредити до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис

Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање, соопшти Агенцијата.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

-Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како  кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем.

– Рокот на враќање на средствата е 7 години со вклучен грејс период од 1,5 година без оглед на износот на кредитните средства.

– Каматна стапка од 1% на годишно ниво.

– Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари).

– Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

Барањето за кредит може да се поднесе во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување www.av.gov.mk, како и на Фејсбук страната на Агенцијата за вработување.

Огласот е отворен до 31 јануари, годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемени трошоците на живот и цените на мало

Редакција

Цената на горивата ќе се намали до 11,5 денари, со одлуката на Владата за намалени акцизи и ДДВ

Редакција

Од денеска основните производи со „одмрзнати“ цени, ќе има ли поскапувања?

Редакција