еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Скендер Реџепи најави формирање на нова политичка партија

Независниот пратеник Скендер Реџепи, кој неодамна ја напушти партијата Алтернатива, најави дека ќе формира нова политичка партија.

Формирањето нова партија, Реџепи во гостувањето на ТВ 21, рече дека доаѓа како резултат на незадоволството во Алтернатива, бидејќи, појаснува тој, како партија не му дале можност за промени внатре во партијата.

– Бидејќи не се гледам себе си кај ниту еден политички субјект, бидејќи верував дека во Алтернатива треба да работам, бидејќи моето излегување потврди дека промената мора да се направи, но кога видов дека тоа не може да се случи, така да веројатно ќе почнам ново политичко патување заедно со структурите кои ги имаме. Ќе им подадам рака за соработка на тие кои излегоа од Аалтернатива, заедно да почнеме ново политичко патување, вели Реџепи, во интервју за ТВ 21.

Според Реџепи, иако можеби бројот на албански политички партии во нашето општество се чини голем, тој смета дека по „прв пат во историјата на плурализмот може да се случи Албанците да одат со два табора на избори“.

– За жал, можеби изгледаат дека се многу во нашето општество, и реално е така, но за среќа, вака почнува политичкото смирување и за среќа до следните избори ќе се оди на два блока, каде за прв пат во историјата на плурализмот може да се случи Албанците да одат со два табора на избори, изјави Реџепи.

МИА/Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ лани реализирал 10.000 летови од и до Македонија, летале 2,2 милиони патници

Редакција

Најдоцна во октомври СДСМ и ДУИ ќе ги распоредат директорските места во поважните институции

Редакција

(Галерија) Со донација од над 4 милиони денари на Клиниката за детски болести и изложба одбележан 85-годишниот јубилеј на Алкалоид

Редакција