Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи денеска на својот Фејсбук-профил објави дека се повлекува од координатор на пратеничката група на Алтернатива/Алијанса за Албанците, и за тоа утре ќе го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери.
-Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучуваме кон извршната власт и парламентарното мнозинство, утре и официјално ќе го информирам претседателот на Собранието на Северна Македонија, дека се повлекувам од функцијата координатор на пратеничката група АлтернативаАлијанса за Албанците, напиша Реџепи.
Дејствувањето на пратениците на Алтернатива, вели тој, ќе се решава согласно новиот договор за парламентарно мнозинство.
Тој изрази почит до сите пратеници на Коалицијата и се заблагодари за досегашната соработка и добрите меѓучовечки односи.
Фото: Фејсбук/Реџепи