еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Кои се најдобрите гостилници за 2021 година

Град Скопје и Агенцијата SWOT Research, агенција за анализа квалитетот на услугата, по 14. пат го реализираа проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“, во главниот град.

Најдобри гостилници се:

1 место: Дебар маало

2 место: Градска кафеана – Кај Јоле

 

3 место: Дукат

„Агенцијата SWOT Research ангажираше тајни купувачи, кои ги посетија угостителските објекти, избрани по случаен избор во трката за Најдобар угостителски објект во 2021 година, а потоа следуваше сумирање на резултатите.

Најдобрите угостителски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи, при што беа посетени 173 угостителски објекти, соопшти Град Скопје.

Квалитетот на услугата се оценуваше според девет елементи: прв контакт – (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување), хигиена на објектот – (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени), ковид критериуми- (носење заштитна маска, растојание на маси, средства за дезинфекција), тоалет – (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки), амбиент – (осветлување, температура, миризба, музика), услуга на келнерите – (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување), општа услуга – (асортиман, соодветно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка), квалитет на храната – (свежина, количина, вкус) и завршен контакт – (заблагодарување и отпоздравување).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Кои се најдобрите ресторани во Скопје за 2021 година

(Галерија) Кои се најдобрите кафулиња во Скопје за 2021 година

(Галерија) Кои се најдобрите lounge и мезе барови за 2021 година

Фото: Фејсбук /Дебар Маало/Кај Јоле/Дукат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието го усвои и вториот нацрт-амандман на Уставот што се однесува на АСНОМ

Редакција

Запознајте го Адил Бакиу, кој со шегата за vaksajns.mk ги освои симпатиите на јавноста

Редакција

Границата со Грција останува затворена најмалку до 19 април

Редакција