еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Запознајте го Адил Бакиу, кој со шегата за vaksajns.mk ги освои симпатиите на јавноста

Јавноста ја разбра шегата на Адил Бакиу (38), креаторот на vaksajns.mk, домен кој пренасочуваше до сајтот за интерес за вакцинирање против Ковид-19, vakcinacija.mk, но не и власта.

Медиумите доплнително ја искомплицираа работата, а дел од нив покажаа и основни непознавања за тоа што е што во приказната, па Бакиу заврши и на информативен разговор во полиција.

За среќа се заврши добро и по половина час тој беше пуштен од полицијата како слободен човек.

ИТ ЕКСПЕРТ

Од јуни 2006 година тој ја има основано фирмата ProHost, која нуди услуги во областа на домени, хостинг, виртуелни сервисии…, па затоа на Бакиу не му било проблем да креира ваквов домен.

Знаел дека лесно може да биде лоциран од полицијата, но како што вели во разговор за еМагазин не очекувал да биде повикан и на информативен разговор за нешто вакво.

„Не гледам никаква смисла во тоа. За среќа инспекторите од компјутерски криминал знаеа за што се работи и дека нема основа за никакви обвинувања и целиот разговор заврши брзо“, вели Бакиу, кој за доменот се инспираше од лошиот англиски јазик на премиерот Зоран Заев.

Имајќи го во предвид времето во кое живееме, во кое војните ги водат хакери, а не војници, тој смета дека државата посериозно треба да се позанимава со теми од областа на ИТ технологијата и заштита. Посебно што минатата година имавме сериозен проблем со сајтот на Државната изборна комисија, кога на истиот требаше да се проследуваат резултатите од изборите.

„И на населението му е потребна посериозна едукација од ИТ сферата“, смета тој.

Во својата досегашна професионална кариера, работел и како грант менаџер во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), веб администратор во сајтот Кариера, волонтирал во невладината „Полио Плус“…

И ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП МОЖАТ ДА БИДАТ ТОА ШТО САКААТ

Сепак онаа што е највпечатливо за Бакиу, а што не стигна до јавноста, е дека не дозволил вродениот хендикеп никогаш да му биде пречка во животот.

„Јас сум вистински пример дека и лице со хендикеп може да се постигне се што ќе посака во животот. Се оженив, имам две девојчиња, возам автомобил, работам, креирам… по ништо не се разликувам од другите„, вели Бакиу, чија што сопруга е исто така лице со хендикеп, која исто така работи.

„Живееме сами, никој не ни помага. Можеме се сами“, вели тој и испраќа порака до сите лица со хендикеп да не се откажуваат од ништо и дека се е возможно.

Фото: Фејсбук/Бакиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Знаме со карта на “Голема Албанија“ на концертот во чест на Курти во Тетово

Редакција

Новото име на фасадата на Владата по изборите

Редакција

Жолта алертна фаза во целата земја, температурата до 38 степени

Редакција