еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Знаме со карта на “Голема Албанија“ на концертот во чест на Курти во Тетово

По повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти, синоќа во Тетово, градоначалникот Билал Касами организираше концерт на плоштадот.

На настанот се вееа албанските знамиња, а помеѓу нив имаше и знаме со карта на “Голема Албанија“.

Во првите редови, покрај Курти и Касами беа и Изет Меџити, поранешен функционер на ДУИ, кој сега основа нова партија, Демократско движење и Африм Гаши, претседателот на Алтернатива.

„Северна Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира ни од Милошевиќ, ни од Путин. Вака Северна Македонија ќе биде што поблиску до зачленувањето во ЕУ, а нашиот регион на Балканот ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да и помагаме и ќе ја поддржиме Северна Македонија,“ рече Курти при обраќањето пред присутните.

По присуството на преименувањто на улицата во скопски Чаир од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“, Курти денеска го посети и Вејце за да се заложи за побрза изградба на патот кон Призрен, преку Шар Планина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Курти без средби со државниот врв, ама со куп активности со градоначалници и лидери на албански партии

Од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“: Премиерот на Косово, Курти присуствуваше на преименување на улица во Чаир

Фото: Фејсбук/Касами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Маринела Тушева објави видео од палењето на автомобилите на нејзиниот брат и татко

Редакција

Нови 178 случаи со Ковид-19, четворица починати и 592 оздравени

Редакција

Доктор Беќаровски: Ваша одлука е дали ќе им верувате на црните мантии или на белите мантили

Редакција