еМагазин
Image default
Македонија

Маж од струмичко почина од Ковид-19

Маж на 67 годишна возраст од струмичко синоќа починал на Инфективното одделение при Струмичката болница од нагло губење на кислород во белите дробови предизвикано од коронавирусот, соопшти директорот на Центарот за јавно здравје, Петре Витанов.

Лицетото било примено пред четири дена на Инфективното одделение и не потекнува од досега познат кластер.

Членовите на семејството на починатиот се во изолација и се под здравствен надзор.

Според Витанов, последните случаи во Струмичкиот регион се нови и се од непознат кластер.

Денеска се извршени 12 тестирања на пунктот на Центарот за јавно здравје во Струмица, а директорот Витанов информираше дека сите термини за тестирање до сабота се пополнети.

Досега во Струмица се евидентирани 34 случаи позитивни на Ковид-19, од кои три лица починаа, 15 се оздравени, а 16 се активни.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум нови случаи на Ковид-19 во тетовско

60,9% од заболените со Ковид-19 во Македонија рекле дека имале контакт со потврден случај

19,4 % од заболените со Ковид-19 во Македонија биле хоспитализирани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејствата на жртвите од „Монструм“: Судот да даде одговор што се случило на 12 април 2012

Редакција

Македонија останува делумно слободна земја, во групата со Украина: Индекс на „Фридом хаус“

Редакција

Обвинителство: Дел од обвинетите за настаните од 27. април, организирани и со фантомки влегле во Собранието

Редакција