еМагазин
Image default
Бизнис

Скијачката сезона на Попова Шапка се очекува да почне деновиве

Ски-лифтовите на Попова Шапка се очекува деновиве да се пуштат во функција и на тој начин да се овозможи да почне скијачката сезона во овој зимско-рекреативен центар, информираа од ЕЛЕМ Турс, државната компанија надлежна за скијачката инфраструктура и двата хотели „Попова Шапка“ и „Славија“.

Сепак оттаму потенцираат дека одвивањето на ски- сезоната ќе биде во зависност од временските услови.

-Скијачната сезона најмногу зависи од временските услови. Со специјалните возила „ратраци“ е поминато врз патеките и снегот е оспособен за скијање. Во функција ќе бидат пуштени двете жичници „Церипашина“ и „Свети Илија“, како и ски-лифтовите „Аеродром“ и „Ге“. Новата шестоседа жичница нема да биде во употреба, истакнаа претставници на ЕЛЕМ Турс.

Сега нема да се издаваат нови сезонски карти за користење на ски-лифтовите и жичниците, а ќе може да се искористат билетите купени минатата сезона кои скијачите не ги користеа со оглед дека немаше снег и не работеа ски-лифтовите.

– Сезонските ски карти за употреба на жичниците и ски-лифтовите од ланската 2019/2020 сезона треба да се активираат во хотел „Попова Шапка“ и ќе важат за оваа сезона. Нови сезонски карти нема да се издаваат, потенцираат надлежните од ЕЛЕМ Турс.

На 26 февруари година беше означен официјален почеток со работа на најновата шестоседна жичница на Попова Шапка долж патека од 1.391 метри, која се минува со затворени кабини во кои има шест места.

ЕЛЕМ Турс подружница Попова Шапка Тетово, располага со два хотела „Попова Шапка” и „Славија” кои се наоѓаат на 1707 и 1780 метри надморска висина. Двата објекти имаат вкупен капацитет од 250 легла. Десетици сместувачки капацитети кои се во приватна сопственост исто така нудат повеќе опции и цени за ноќевања и оброци.

Регионалниот патен правец Тетово-Попова Шапка во должина од 18 километри беше целосно реконструиран во 2019 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакции продадени акции од Стопанска банка Битола за 159.000 евра

Редакција

По 12 години ќе се рестартира ТЕЦ „Неготино“

Редакција

Стопанска банка Битола планира добивка од 351.000 евра во 2019 година

Редакција