Радиостаниците кои работат на државно ниво Антена 5, Канал 77 и Метрополис лани заеднички оствариле приходи од 51,58 милиони денари, што е за 3,40 милиони денари помалку отколку во претходната година, стои во анализата на медиумскиот пазар на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„РА Јон во 2019 година не остварила приходи од работењето. Највисоки биле приходите на РА Антена 5 – 26,16 милиони денари. Вкупните приходи на РА Канал 77 изнесувале 20,46 милиони денари, а на РА Метрополис – 4,95 милиони денари.
Повисоки приходи во однос на претходната година прикажала само РА Антена 5 за 9,78%, додека пак РА Канал 77 и РА Метрополис ги намалиле приходите за 20,42%, односно за 8,84%.
Структура на приходите на комерцијалните радија на државно ниво износ учество Реклами и телешопинг – 36.26 70.30% Спонзорства – 0.00 0.00% Продажба на содржини – 3.90 7.56% Приходи обезбедени од трети страни – 3.43 6.65% Останати приходи – 7.99 15.49% Приходи од основна дејност – 51.58 100.00% Приходи од други дејности – 0.00 0.00% Вонредни приходи – 0.00 0.00% Вкупни приходи – 51.58 100.00%.
Доминантно учество во структурата на приходите во овој сегмент на радиската индустрија имале приходите остварени од продажба на времето за рекламирање (70,30%).
Највисоки приходи од рекламирање, во износ од 26,16 милиони денари, остварила РА Антена 5, што претставува 72,15% од вкупните приходи од рекламирање коишто ги оствариле радиостаниците на државно ниво заедно.
Останатите две радиостаници прикажале значително помалку приходи од рекламирање (РА Канал 77 – 5,20 милиони денари, а РА Метрополис – 4,90 милиони денари). РА Јон не остварила приходи од реклами.
Продажбата на времето за рекламирање, била единствен извор на приходи за РА Антена 5 и најзначаен извор на приходи за РА Метрополис.
Најголемо учество во вкупните приходи на РА Канал 77 имале приходите од категоријата „останати приходи“ (38,71%).
Платено политичко рекламирање за време на Претседателските избори емитувале сите три радиостаници. Најмногу приходи по овој основ остварила РА Метрополис – 0,88 милиони денари, а најмалку РА Антена 5 – 0,19 милиони денари. Приходот на РА Канал 77 изнесувал 0,63 милиони денари“, стои во анализата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТВ 24 и Наша ТВ лани работеле со загуба
Колкави приходи и од што оствариле лани Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М
Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М лани работеле со добивка, а Телма со загуба