еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец почина во судар меѓу мотоцикл „БМВ“ и работна машина за сечење дрва

На 30.09.2020 во 19.20 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Алија Авдовиќ“ и ул.„Христофер Жефаровиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале работна машина за сечење дрва, управувана од С.С.(65) од Скопје и мотоцикл „БМВ“, со швајцарски национални ознаки, управуван од Р.Ш.(29) од Скопје, информира МВР.

На местото на незгодата починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од работната машина, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најдобрите трговски објекти во категоријата “супермаркети“ во Скопје за 2019

Редакција

Вчера изгаснати 12 пожари, активни два во Сарај и Инџиково

Редакција

Опожарена куќа во населба Драчево: Пожарникарите до зори се бореле со оганот

Редакција