еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец погоден од залутан куршум кај Тобако во Аеродром, слушнал пукање и почувствувал болка

32-годишник синоќа бил погоден од залутан куршум во скопски Аеродром на локација кај Тобако, информира Министерството за внатрешни работи.

Тој разговарал со вработениот во Тобако, слушнал пукање и почувствувал болка во телото. Потоа била повикана Итна медицинска помош, при што повредениот бил транспортиран во болница.

-М.Т.(39) од Скопје пријавил дека пред локацијата „Тобако“ на подрачјето на населбата Аеродром каде работел, додека бил со Т.Ј.(32) од Скопје, слушнале неколку истрели од огнено оружје, при што Т.Ј. се пожалил на болка.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош кај него е констатирана повреда, по што бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовец застрелан пред очите на сопругата

Редакција

Поради посета на делегација од Саудиска Арабија, посебен режим на сообраќај во Скопје од вторник до сабота

Редакција

Три автомобили зафатени од оган од опожарени контејнери во Скопје

Редакција