еМагазин
Image default
Бизнис

Скопскиот регион со најголемо учество во БДП, најмало во североисточниот

Скопскиот регион има најголемо учество во бруто-домашниот производ (БДП). Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 43 отсто учество во БДП отпаѓа на скопскиот регион, а најмало или 4,9 отсто има североисточниот регион.

Вардарскиот има учество од 7,7 осто, истониот 8,2, југозападниот 8,3, југоисточниот 9,4, пелагонискиот 11,2 и полошкиот 7,2 отсто.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат скопскиот регион со индекс 142, југоисточниот регион со индекс 112,2, вардарскиот регион 104,6 и пелагонискиот регион со индекс 101,7. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.

Во 2018 година, во Република Северна Македонија се реализирани 132.387 милиони денари инвестиции во основни средства, што е за 5 отсто помалку во однос на 2017 година.

Најголемо учество во вкупните бруто-инвестиции во основни средства во 2018 година и понатаму има скопскиот регион со 52,3 отсто, додека најмало е учеството на североисточниот регион со 3,3 отсто.

Споредено со 2017 година, пораст на инвестициите во основни средства е забележан во североисточниот регион (65.5 %), вардарскиот регион (21.4 %), југоисточниот регион (14.6 %) и источниот регион за (11.6 %).

Намалување на инвестициите во основни средства е забележано во југозападниот (20.4 %), полошкиот (16.4 %) и во скопскиот регион (9.8 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари донирала фирмата која доби милионски тендер на МНР на ДУИ лани

Редакција

Новини во Царината: Стартува дигитална обработка на царински декларации и акцизни документи

Редакција

„БИМ Свети Николе“ ја удвои добивката за време на кризата од Ковид-19

Редакција