еМагазин
Бизнис

Слободни над 6.000 работни места: Кои се најбарани работници?

На веб-страницата на Агенцијата за вработување на дневна основа во просек има активни конкурси и меѓу 6.000 до 7.000 слободни работни места, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири.

Одговорајќи на новинарско прашање Демири рече дека во зависност од степенот на потребното образование, работодавачите најмногу огласиле слободни работни места за занимањата: работник за едноставни работи на производствена линија, општ работник, хигиеничар на производствени работни простории, продавач, програмер, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обезбедувач за заштита на лица и имот, хигиеничар на станбен и деловен простор, ѕидарски работник, армирачки работник, тесарски работник и други занимања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Адора Инженеринг“ купи 13.901 акции од „Комерцијална банка“

Редакција

Членови на Управниот и Надзорниот одбор на Гранит купија акции на компанијата

Редакција

БИМ од Свети Николе во првите шест месеци од годинава со добивка

Редакција