еМагазин
Image default
Бизнис

Словаците ќе бидат меѓу најчестите туристи во земјава

За многу кратко време туристи од Словачка и централна Европа ќе бидат меѓу најчестите посетители на нашата земја.

Веќе во септември 2023 година, 15 претставници од најзначајните словачки тур оператори ќе ја посетат Македонија и преку прганизорана едукативна тура ќе се запознаат со сите туристички можности што ги нуди нашата држава.

До крајот на годината ќе биде возвратена посетата од страна на НАИТМ на Словачка со презентација на убавините на Македонија, а истовремено и со запознавање со можностите што ги нуди Словачка како туристичка дестинација.

Со цел интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка беше потпишан меморандум за соработка помеѓу НАИТМ – Национална Асоцијација за дојдовен туризам на Македонија и SACKA, најголемата словачка асоцијација за туризам која брои преку 300 членови.

Меморандумот го потпишаа Претседателот на НАИТМ, Влатко Сулев и пртеседателот на SACKA Роман Беркеш, претседател на SACKA и сопственик на туристичката агенција Happy. На работната средба делегацијата на НАИТМ направи и презентација на македонскиот туристички сектор, и на Македонија како туристичка дестинција.

Меморандумот по автоматизам обврзува и преземање на конкретни чекори за продлабочување на соработката помеѓу туристичите сектори од Македонија и Балканот од една страна и Словачка и централна Европа од друга страна.

Соработката е поттикната од македонската амбасада во Словачка, и амбасадорката во Словачка, Евгенија Илиева и аташето Миле Долдуров, кои дадоа и логистичка поддршка, и јасно покажаа како една амбасада може директно да помогне во промоција и развој на Македонија како туристичка дестинација.

Словачка е земја со која имаме пријателски релации. Сличен јазик, култура и многу слични карактеристики.

Голема предност за развој на меѓусебната туристичка соработка е одличната авионска поврзаност со Братислава и аеродромот во Виeна којшто е на само 50-тина км од Братислава.

Словаците се активни тип на туристи, многу од нив возат велосипеди, сакаат да пешачат во природа и според најновите статистики имаат авантуристички дух, а Македонија е дестинација што нуди автентични искуства и недопрена природа, идеална за овој тип на туристи.

„Словаците беа пријатно изненадени од капацитетот на нашиот туристички сектор и можностите што им ги презентиравме. И изјавија дека со сигурност Македонија ќе биде нивната порта кон Балканот.

Но, со ова се отвара и уште една многу интересна дестинација за посета и на граѓаните од нашата земја, а воедно, преку Словачка и Братислава да се посетат и други земји од Централна Европа,“ изјави Сулев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ги плаќа по 10 евра за легло на ден: Владата ги повика хотелите да ги отстапат капацитетите за државни карантини

Редакција

Комерцијална банка ќе им одобри дозволено пречекорување на приматели на пензија и плата во Еуростандард банка

Редакција

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучи договор со Пуцко петрол вреден 1,9 милион евра

Редакција