Доброволно масовно тестирање за Ковид-19 почнува утре во Словенија во бројни општини, изјави денеска Марија Магајне од словенечкото Министерство за здравство.
Точните локации и време допрва ќе бидат објавени, а резултатите од брзите тестови што ќе се користат за време на тестирањето од денеска се сметаат за еквивалентни на резултатите добиени со ПЦР тестовите, јави СТА.
Тестирањето ќе биде достапно во сите поголеми словенечки градови, а повеќе места за тестирање ќе бидат обезбедени во области каде епидемиолошката состојба е најтешка.
Тестирањето ќе биде бесплатно и ќе се спроведува до 24 декември.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.