еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Снимена третата верзија на “Вечниот Бог“ со Гиговска, Алабаковски и „Златно славејче“

Снимена е третата верзија на божикната песна “Вечниот Бог“ со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и „Златно славејче“, информираа денеска од Здружението за возобновување на православни традиции „Бадникови поворки“.

– Инструменти, вокали, хорче – мелодијата на најпопуларната божикна песна кај нас, со освежен аранжман, е комплетирана. За доживувањата во студио ќе раскажеме деновиве низ видео, а сега вредно продолжуваме со работа во Охрид, каде што започнува снимањето на спотот.

Каква божикна приказна скроија генијалниот ум на нашиот режисер Дејан Пројковски и неговите соработници, ќе се види за само неколку дена, се наведува во соопштението.

Од Здруженитео информираат дека низ цела држава, во 50 градови и населени места, во тек се подготовките за Бадниковите поворки на радоста што на 6 јануари ќе чекорат низ улиците.

– Во тек се редовни проби, но и работилници за изработка на ѕвездички, за ниедно дете да не остане без божикна ѕвезда. Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица, се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот.

Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божикната пештера, каде е претставен целиот настан на Божик. Се поставуваат и божикните пештери и се подготвуваат малите божикни концерти, што ќе се одржат на плоштадите во поголемите градови во републиката, како и хуманитарните акции што најдоцна до 5 јануари треба да снабдат што повеќе семејства со храна за празниците, се додава во соопштението.

Фото: Бадникови поворки/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема големи изненадувања: Кои се носителите на кандидатските листи на СДСМ?

Редакција

Почина филмскиот продуцент Горјан Тозија

Редакција

Нови 1.092 случаи на Ковид-19 од 5.569 тестирања

Редакција