еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема големи изненадувања: Кои се носителите на кандидатските листи на СДСМ?

СДСМ на вчерашниот конгрес ги дефинира кандидатските листи за пратеници за изборите закажани за 12 април. Лидерот Зоран Заев соопшти дека партијата започнува нова пракса со тандем на носители во сите изборни единици, маж и жена за целосна родова еднаквост.

„Граѓаните во изборната единица 1, очекуваат правда и правичност, интеграција во ЕУ, повисоки плати и пензии и чиста животна средина. Пред граѓаните во изборна единица 1 настапуваме со 20 имиња на личности кои уживаат голема доверба во општеството. Нивната листа ќе ја предводат Никола Димитров и Мила Царовска.

Економски раст и развој, модерна инфраструктура и грижа за најранливите, сигурност и безбедност се очекувањата во изборната единица 2, затоа чест да ја предводат листата ќе имаат Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.

Силно и конкуретно земјоделство, повисоки плати и можности за младите, подобро здравство ова го нудиме пред граѓаните во изборната единица 3, 20-те кандидати во оваа избрна единица ќе бидат предводени од Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска.

Во изборната единица 4 влегуваме со силни инвестиции во инфрастурктирата, со уште посилна поддршка за земјоделците и уште повеќе можности за младите, тоа ќе треба да го испорачаат пратениците од оваа изборна единица а предводени од мене, Зоран Заев и Соња Миракоска.

Во изборната единица 5 носиме стабилност, безбедност, странски инвестиции, обезбедуваме раст на платите и силна поддршка на туризмот. Овде честа ќе ја имаат да ја предводат пратеничката листа Радмила Шекеринска и Јован Митрески.

Концептот едно општество и концептот повеќе пари кај граѓаните уште еднаш ќе ги потврдиме и тоа најмногу во 6-та изборна единица. Најразнолика изборна листа е токму овде и таа ќе биде предводена од претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами и Фаница Николовска“, соопшти Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото): Кој дојде на Конгресот на СДСМ на кој се дефинираат кандидатите за пратеници?

Фото: Фејсбук/СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државната изборна комисија вработува девет лица, плата до 35.872 денари

Редакција

(Видео) Ураганот Флоренс ги зеде првите жртви во САД

Редакција

И Ставревски, Миновски и Славевски ќе го советуваат министерот за финансии Бесими

Редакција