еМагазин
Image default
Македонија

Со потпретседателката на Бугарија, Јотова за да промовираат бугарски проекти во Македонија, доаѓа и Петков

Бугарскиот премиер Кирил Петков, заедно со потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, в сабота, на 16 април ќе ја посетат Битола, во организација на бугарската амбасада во земјава.

Средба на премиерот Димитар Ковачевски или некој владин претставник со бугарската делегација, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска информираше дека се организира во рамки на новопланираниот далекувод на РЕК Битола што ќе ги поврзува Битола со Елбасан.

– Со премиерот Петков договараме да има и официјална средба, но не можам да кажам дали ќе биде премиерот заради здравствената состојба, или некој од министрите на далекуводот Битола – Елбасан, а потоа тие ќе имаат свои ангажмани во Културниот центар во Битола во организација на Амбасадата на Бугарија, изјави Османи, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во Министерството за надворешни работи.

Претходно, бугарските медиуми јавија дека Јотова на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ ќе го отвори новиот клуб на ова здружение во Битола, а на 17 април, таа ќе биде во посета на Охрид, каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам.

Проектот е финансиран од бугарската Влада како дел од програмата на бугарското Министерство за надворешни работи „Бугарска помош за развој“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец по втор пат заразен од корона вирусот

Редакција

На слобода сите затвореници осудени до шест месеци затвор: Нов Закон за амнестија

Редакција

Моника Зајкова единствен кандидат: ЛДП денеска бира претседател

Редакција