еМагазин
Image default
Македонија

Со презентација на материјални докази продолжи судењето за „ТНТ“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за „ТНТ“ со презентација на дел од материјалните докази на Обвинителството, претходно селектирани од обвинителот, а по барање на одбраната.

Ваквиот начин на презентација, информираат од Основниот кривичен суд е со цел економичност на постапката, со оглед да истите докази веќе биле презентирани пред судењето да почне од почеток заради измена на судечкиот совет.

За главната расправа по предметот закажани се повеќе термини во следниот период, за како што информираат од Основниот кривичен суд, да се даде поголем интензитет на судењето.

Случајот „ТНТ“ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 13 лица, најмладиот на 45-годишна возраст

Редакција

Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе ја посети Македонија на 18 јануари

Редакција

Шекеринска: МО ќе оддели околу 60 милиони денари за кампањата за референдумот

Редакција