еМагазин
Image default
Македонија

Со сведочење на оштетени во Кривичен продолжува судењето против Жан Митрев

Со изведување на доказите од Обвинителството, односно сведочење на оштетените, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Жан Митрев.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лица кои наводно се членови на фолклорна група од Косово го поставиле албанското знаме на тврдината во Охрид

Редакција

Истрагата за загинувањето на двајцата алпинисти во рудникот „Бучим“ се уште е во тек

Редакција

Само во Македонија: Нефи Усеини во бегство си отвори фирма во Битола, објави ИРЛ

Редакција