еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието ја констатираше оставката на Милевски

Почна 88. собраниска седница која првично беше закажана за 11:00 часот, но од технички причини беше двапати одложена – за 13:00, па за 16:00 часот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери најпрво објасни зошто се доцнело со седницата и рече дека за тоа ќе има целосен извшетај, а потоа ја констатираше оставката на досегашниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски.

Џафери информира и дека Милевски нема да ја образложи оставката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил министерот Милевски, кој поднесе оставка

-Имам обврска да соопштам дка пради технички проблеми и преоптовареност на системот за управување со пленарните седници беше неопходно одложување на седницата за што ќе има и посебен извшетај, рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски се јави процедурално за збор. Реагираше и го праша Џафери како може да ја дополнува седницата со нови точки од дневниот ред кога веќе била закажана, а референдуми или иницијативи поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што напомена, чекаат на преводи по 20 до 30 дена и не може веднаш да бидат ставени на седница.

-Очекував подробно објаснување за седницата. Сега е 16:30 часот, а пратениците се влезени уште во 11:00. Материјалите се испратени, а вие продолжувате со доставување нови предлог-закони по времето за почеток на седницата. Од каде ви е бризната, стручната и можноста, а интерпелации или референдуми од ВМРО-ДПМНЕ кај вас завршуваат на преводи по 20 – 30 дена.

Законите што ги поднесува ВМРО-ДПМНЕ не може веднаш да бидат ставени на седница, а закони поднесени во 11:06, иако официјално дневниот ред се утврдува во 11:00, се наоѓаат како дополнение за оваа седница. Вие правите преседан, а ја повикувате опозицијата на конструктивност, рече Мицевски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во текот на седницата информира и дека Владата ги повлече измените на Законот за енергетска ефикансост.

Пратениците дадоа и поддршка за измените на законите за заштита на децата и за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани за полесно справување со енергетската криза. Пред нив се вкупно 34 точки, меѓу кои и избор на нов министер за локална самоуправа, како и на двајца судии во Уставниот суд и донесување закони со кои може да се реализираат антикризните мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ристо Пенов, кој ЛДП го предложи за нов министер за локална самоуправа на местото на Милевски

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Комитетот на министри на Советот на Европа во Македонија нема системска дискриминација на Бугарите

Редакција

26-годишен кумановец загина во сообраќајна несреќа

Редакција

На судењето за „Трезор“ исклучена јавноста, сведочи вработена во УБК

Редакција