еМагазин
Image default
Македонија

Собранието ја усвои потребата за донесување Декларација за осуда на воените напади врз Укарина

Со 104 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“, во рамките на 65-та седница, Собранието попладнево ја усвои Потребата од донесување Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, по скратена постапка.

Декларација е по предлог на пратеничките од ЛДП и ДОМ, Моника Зајкова и Маја Морачанин.

Образложувајќи ја потребата од усвојување на Декларацијата за осуда на воените напади врз Украина, пратеничката од ЛДП, Зајкова, облечена во боите на украинското знаме, рече дека низ историјата, човештвото сведочело за бројни војни и внатрешни конфликти, од кои цената ја плаќале само невини човечки животи.

– Жалам што во 21. век сведочиме повторно на напад на мирот, предизвик кој на никој не ни доаѓаше ниту на сон дека ќе се соочуваме. Она што се случува денес во Украина, не е само предизвик на Украина и не ја засега само Европа или Азија, туку целиот свет. Ваквите напади, не го загрозуваат само мирот и безбедноста на Југоисточна Европа туку и мирот на Балканот, рече Зајкова.

Таа изрази надеж дека овојпат пратениците ќе бидат единствени во донесувањето на декларацијата и оти, како што рече, војната не е метод за решавање на споровите.

– Законодавниот дом, како највисока институција во една парламентарна демократија, не смее да молчи на случувањата и мора итно да ја осуди воената агресија која се случува во срцето на Европа и да искаже јасна заложба за почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Во дипломатијата важи едно правило дека секое молчењето е согласност или одобрување, затоа не смееме да молчиме. Недозволиво е во 21 век да биде доведено во прашање постоењето на суверена и независна држава, мешајќи се во внатрешни работи, попречувајќи ги нејзините стратешки определби.

Со оваа Декларација како владејачка коалиција, најостро ја осудуваме со ништо неиспровоцираната воена агресија на Русија врз Украина, која доколку итно не престане, светот ќе сведочи за огромни катастрофи и загуба на голем број човечки животи, подвлече Зајкова.

Таа посочи дека случувањата во Украина се еклатантно кршење на меѓународното право, сериозна закана за европската безбедносна архитектура и го доведува во прашање мирот во целиот европски континент.

– Ниту една детска солза или траума нема да биде простена. Војната секогаш носи само уништување и смрт. Дури и најблагодарните мотиви, кои се облиени со крв, се само лицемерна амбиција, недостојна за цивилизираниот свет, потенцираше пратеничката, која ги повика пратениците да ја донесат Декларацијата.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги задолжи Комисијата за надворешна политика и Законодавно правната комисија да расправаат по Предлог-декларацијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Германија очекува новата грчка Влада да го почитува Преспанскиот договор

Редакција

Ганка Цветанова во одбрана на синот на Силјановска: Респект за сите кои се во допир со музиката и природата

Редакција