еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Документарецот „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“ достапен на You tube

Најновиот македонски документарен филм на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“- “The Macedonian Dream – We are world champions“, во оригиналната македонска верзија со англиски титл превод, и е достапен на јавноста на You tube каналот Adora Business Group на овој линк, информираат од таму.

Филмот е автентична приказна за неповторениот триумф на клупскиот спорт во Македонија и за искачувањето на патот на успехот, до освојувањето на европското и светско злато во борење-слободен стил на Боречкиот клуб „Бучим-Јака“ од Радовиш, во 1995-та и 1996-та година.

Документарниот филм е богат мозаик на лични, интересни и возбудливи сведоштва на македонските борачи, тренери, судии, спортски активисти, кои со поддржувачите и френетичната публика, го остварија најхрабриот сон и историски најголемиот спортски успех, ставајќи ја Македонија рамо до рамо со светските спортски велесили.

Златните момчиња од „Бучим-Јака“ со победа над тогашните магнати во борењето од Унгарија, Турција и САД, го претворија личниот сон во колективен и национален успех и потврдија дека со силна воља, јасна визија, посветена работа, колективна поддршка и пред сè со големо срце, македонските спортисти можат да ги освојат највисоките европски и светски врвови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пример кој треба да го следат и другите компании: „Дрекслмајер“ донираше триста компјутери за училишта од пет општини

Редакција

Архимандрит Партениј ја прими наградата од Европскиот парламент во Брисел

Редакција

Адора ја посети среќната мајка на новорoденчињата Анастасија и Габриел

Редакција