еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево и потопло со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 18 до 25 степени.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб претежно југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Под влијание на постудена воздушна маса од ноќта кон недела ќе се зголеми облачноста.

Потоа, преку денот ќе започнат врнежи од дожд, повремено поројни проследени со засилен северен ветер и појава на грмежи, а температурите ќе бидат пониски за 6 до 9 степени во однос на претходниот ден.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Доктор Даниловски: Крајот на пандемијата ќе дојде со пролетта, но секоја година ќе има сезона на корона

Редакција

(Фото) Илјада поклоници на литургијата на Крчин за 1000-годишнината на Бигорски

Редакција

Д-р Стојанов: „Истовремено може да се вакцинирате и со трета доза против Ковид-19 и сезонски грип“

Редакција