еМагазин
Image default
Македонија

Состојбата со болниците е стабилна: ГОБ „8 Септември“ и болницата Козле постепено се враќаат на редовното работење

Состојбата со болниците е стабилна, практично секаде има слободни болнички капацитети, оцени министерот за здравство Венко Филипче.

Изминатата недела, Филипче информираше дека хоспитализирани биле вкупно 71 од новозаболените што е намалување од 40,3% во однос со претходната недела.

„Овој тренд го пратиме во сите интитуции, каде се лекуваат ковид пациенти, што е многу важно во однос на менаџирање на целокупниот болнички капацитет. Во болницата Козле останати се уште неколку возрасни пациенти.

Верувам од крајот на неделата понатаму ќе биде повторно наменета само за лекување на деца.

Слободни кревети има на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, околу 70 окупирани.

Значајно намалување на бројот на хоспитализирани пациенти има и во Градската општа болница „8 Септември“ – денеска околу триесетина, што дозволува постепено да се врати нормалното хоспитализирање, посебно на болницата „8 Септември“ преку системот Мој Термин“, вели Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

35 случаи на здравствени работници заболени со коронавирусот, 26 се заразиле во болница

Редакција

Пендаровски вели да не се брза со уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот

Редакција

Триесетгодишна велешанка по втор пат заразена со Ковид-19

Редакција