еМагазин
Image default
Македонија

Состојбата со Ковид-19 е стабилна се намалува бројот на примени пациенти во болница, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека состојбата со Ковид-19 е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти.

„На редовниот состанок со директорите на клиниките и ковид центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти.

Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира,“ напиша Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

Денеска се очекува Комисијата да препорача дали ќе има укинување или ублажување на дел од рестриктивните мерки.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре пациентите со коронавирусот во Македонија ќе се лекуваат со комбинација од хлоркинин и азитромицин

Редакција

Членовите на ДИК нема да земат дополнителни бонуси за локалните избори

Редакција

За Османи, Артан Груби е унапреден

Редакција