Советот на општина Дебар на денешната редовна 23 седница, донесе одлука со која пет лица од Албанија, се прогласуваат за почесни граѓани на Дебар.
-Станува збор за лица познати експерти во одредени области.Тоа се Фатос Даци, историчар, проф. д-р Саимир Шатку, Тофик Јегени, инжињер, проф.д-р и Молнар Коланеци, а постхумно ова признание му се доделува и на Мојси Мура, историчар, рече претседателот на советот, Башким Машкули во образоложението
Одлуката беше едогласно донесена, по процедуралните забелешки на советниците на Беса, Алијансата за Албанците и ПЕИ, дека при донесување на вакви одлуки треба претходно да бидат консултирани сите советнички групи. Посочија дека Дебар има многу личности кои заслужуваат да им се даде вакво прзнание. Според секетарот на општината Или Мирзо, признанијата ќе им бидат врачени на Денот на општината, 8 Септември.
Досега за почесни граѓани на Дебар, се прогласени поранешниот албански претседател Бамир Топи, потоа Сине Холан од норвешката невладина организација „Норвак“, како и Азби Дибра – познат биолог од Албанија по потекло од Дебар.
Советниците на денешната седница донесоа одлука за определување на вредноста на бодот за пресметување на плата на помошно-технички лици и професонални пожарникари. Со оваа одлука бодот се определува на 89,7 денари.
МИА/Фото: Општина Дебар