еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Споредено со септември пораснала за 1.490 денари: Минималната потрошувачка кошничка во ноември 51.714 денари

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 51.714 денари и се за 200 денари зголемени во однос на октомври, а за 1.490 денари во споредба со септември.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, за храна во ноември биле потребни минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари, што е повеќе од половина од синдикалната минимална кошничка.

Останатите средства, односно 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, според синдикалната минимална кошничка, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен на Онкологија, ревизорите регистрирале неправилности и во Битолската болница

Редакција

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Редакција

(Видео) Апокалиптично невреме во Хрватска: Искорнати дрвја, кровови..

Редакција