Преку спорот меѓу Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и Управата за финансиска полиција доаѓаат до израз системските слабости во функционирањето на двете институции, смета претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска.
Ивановска, во гостувањето на телевизија Сител, вели дека нас ни треба да изградиме јаки институции коишто ќе ги вадат на површина сите неправилности.
– Од она што јас имам сознание и за едната и за другата институција, сите предмети коишто доаѓаат и во двете институции не се распределуваат системски, електронски преку софтвер, туку ги распоредуваат нивните одговорни лица, првите луѓе на институциите.
Со тоа се отвора можност за субјективно делување на одговорните лица, меѓутоа и се создава висок ризик за уцени и корупција. Тоа треба да се елиминира, изјави Ивановска.
Доколку постоел системски пристап за распределба на предметите, според Ивановска, немало ниту да дојде до таков претрес и до таков проблем.
Таа посочи, дека и до ДКСК пристигнуваат анонимни пријави, меѓутоа сите тие, како што нагласи, влегуваат во софтверот и понатаму се распоредуваат од една страна кај член на комисијата, од друга страна кај советник, кој што ќе работи со членот.
– Значи нема ништо намерно. Се е по случаен избор како што си е направено во софтверот, нагласув Ивановска.
Претставка за овој случај до ДКСК, Ивановска вели дека нема пристигнато, како и дека нема потреба тие сега да се инволвираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Управата за финансиска полиција поднесе кривична против Русковска и обвинители кои вршеа претрес
МИА/Фото: МИА