еМагазин
Image default
Балкан

Србија поставува ограда на дел од границата кон Македонија

Србија поставува метална ограда на границата со Македонија кај Прешево, објавија српските медиуми. Оградата треба да ги спречи мигрантите масовно да ја преминуваат границата.

Шиприм Арифи, претседател на општина Прешево вели дека изградбата на жичаната ограда е дел од договорот со Европската Унија.

„Сметаме дека оградата е во функција на дополнително обезбедување на границите на државите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуано пак ќе почнат масовно да се движат по таканаречена балканска рута“, вели Арифи.

Од МВР за МИА велат дека поставувањето жичана ограда е на територијата на Република Србија, не и на територијата на нашата држава.

Фото: НВО Легис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУЛЕКС ги претресува куќите на Тачи, Селими и Весели

Редакција

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во силен земјотрес на Крит

Редакција

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка

Редакција